АСИМ МУСА: ОВА Е НАМЕРНА СТАПИЦА-НАМЕСТЕН СУМ!
„Намерна стапица за да и наштети на мојата кариера. Нема да дозволам да се наруши мојот кредибилитет на ваков начин, со лажни и бомбастични наслови. Во својсто на заменик на здравство имав чест да им помагам на граѓаните на Република Северна Македонија. Ова е политичка пропаганда. Се повлекувам од функцијата“, изјави заменик министрерот за здравство, Асим Муса.
Оставката на Муса следи откако во медиумите беше објавена видео снимка која го документира заменик министерот фатен во нов корупциски скандал. Според снимката Муса прима 50 евра за мито за да изврши операција врз Албанец во клиниката во Струга.
Снимката е направена од екипа на албанската телевизија Топ Чанел, а објавена во популарната емисија „Фикс Фаре“. Имено, новинар од телевизија се претставува како пациент и се договара со Муса, кој наводно бара мито од 1000 евра.