ЛОКАЛИТЕ ГЕНЕРАЛНО ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ, НО ИМА ТАКВИ КОИ УШТЕ СИ „ТЕРААТ ПО СВОЕ“

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција информираше за спроведените контроли на инспекторите, кои добија засилени ингеренции од Владата во однос на работата на кафулињата за време на пандемија.

„Речиси две седмици инспекторите постапуваат по новите овластувања. Може да се каже дека се намалува бројот на непочитувачи, но одредени субјекти се уште не ги почитуваат мерките. Инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и нема да има толеранција за никого“, истакна Грашкоска.