|

НАГРАДА И ПРИЗНАНИЦА ЗА ЦИПРАС И ЗАЕВ ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ја добија наградата AmarkableAchievementAwards 2019 заради постигнатиот договор за решавање на спорот за името во Преспа минтата година, јавува Бугарското национално радио.

Наградата е доделена на двајцата премиери по гласање во платформата Emerging Europe за позитивни политики во Европа и значајно достигнување во реонот на источна Европа.

Опозиционите медиуми во Грција ја користат овој настан за да го нападнат Ципрас дека добил уште една награда за продавањето на грчките национални интереси. Од партијата Нова демократија, најавија дека ќе го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и добија уште поголема популарност во Грција, се вели во материјалот на БНР.



Слични Објави