ПАРАДА НА ГОРДОСТА-КАКО ЗА КОГО

//

Денеска се оддржува долгонајавуваната Парада на гордоста во Скопје. Припадниците на ЛГБТИ заедницата ќе продефилираат за себеизјаснување и себепромовирање, како маргинализирана група, изложена на дискриминација, предрасуди, стереотипи. Нивната сексуална определба била основа за нивна стигматизација во општеството.

Извинете вака, а каде и по било која основа некој дискриминира припадник на ЛГБТИ заедница по основ на сексуална определба? Како на пример, на огласите за вработување сум прочитал –за дипломирани на приватни факултети – СТОП, или на интервјуата за вработување –ако сакаш да раѓаш повторно, не си ти за во нашата екипа. Уште ниту еден не се пожали дека на интервју за вработување го одбиле затоа што е геј или лезбејка!

Па, како во Европа, така и кај нас, најдобрите и најплатените работни места ги држат припадниците на ЛГБТИ заедницата. Тие имаат време за модни трендови, за оддржување на телото и релаксација. Обичните граѓани мака мачат да преживеат, а не камо ли да се IN, во тренд!
Уште не сум чул некој да е нападнат или претепан само затоа што е сексуално определен, различно од мнозинството. Нема ниту една кривична пријава за насилство поради сексуална определба. И сметам дека сексуалноста е внатрешна работа на секој, приватна и интимна, така да може да си ги исполнува своите сексуални фантазии, како сака, се додека не одат на штета на општиот интерес на заедницата. Сепак човековата цивилизација, правилата и ја имаат направено различна од животинската заедница.
Промовирањето на нивните вредности се коси со нашето сфаќање на општеството и семејството, како негова основна ќелија. Тоа јавно подбуцнување на нивните идеали има штета на воспитувањето на идните генерации, кои сега растат и се развиваат во вистински личности. Како да им објасниме на децата дека по редот на нештата, во природата се функционира по принципот машко-женско и дека различностите се привлекуваат.

Тоа Европа на различностите, треба да го сфатиме како општ концепт на прифаќање на секој онаков каков што е. Да не ги порамнуваме оние вредности кои се различни како баби и жаби. Ама малцинството да ги наметнува својот интерес и своите вредности на мнозинството и да бара згора на тоа да им се приклучиме, е тоа не го оправдувам НИКАКО!!!

Живејте и оставете ги другите да си живеат на раат. Интимата во своите домови уредете ја како што ви се допаѓа. Се додека не влегувате во мојот приватен, интимен круг, немаме никаков проблем. Јас како хетеро, не барам ов вас да се откажете од хомо и да бидете како другите, ,,нормалните,, Бидете си тоа што сакате, добијте си го тоа што ве исполнува.
Ама аман за аман, оставете ја јавноста да си ги решава проблемите на голата егзистенција. Народот да си кубури со минималните плати или социјалната помош од 1-ви до 1-ви, без да мора да слуша дека хомо-сексуалната определба не е болест, туку само здравствена состојба. Никој, освен вас самите и не ве доживува различни од нас.

Кога сум во друштво, личноста или ја прифаќам или не, зависно од нејзиното однесување во кругот, а не како се декларирала и дали дома има истополов партнер или не. Имам свои проблеми за надминување, а не туѓ живот за живеење.
За мене, ПЕДЕР е личност која ја ,,боли,, главата кога треба да го исполни прифатеното и ветеното, а не личноста со хомосексуална определба. Како што ми е раликата меѓу СЕЉАК-личноста со непожелно однесување во друштвото и СЕЛАНЕЦ-жител од рурална средина. Нема компромиси тука. Едниот назив ми е за понижување, а другиот само за поблиско определување на личноста за која зборуваме. Крај на муабетот.

Е сега-ПАРАДА НА ГОРДОСТА. Дали еден ден во годината ќе им биде доволен за да бидат прифатени во општеството? Нели е подобро да си градат системски решенија и да бараат самите да се вклучат во заедницата, отколку само да нагласуваат дека се непожелни и маргинализирани? Како да имам впечаток дека тие самите нагласуваат дека се подвоени и маргинализирани и дека се несфатени и неприфатени. Најдете начин, modus operandi на делување како да ве прифатиме и веќе да нема потреба за тоа да се дебатира. Имате искуства од другите развиени држави, па само да ги копираме кај нас. И онака ние Македонците сме мирољубив народ. Со нас најлесно се излегува на крај.

За завршување на ова колумна-за сите оние што сакаат ГОРДО да ги истакнат конзервативните вредности на семејство од татко, мајка и деца, денес исто ќе има ПАРАДА НА ГОРДОСТА организирана од страна на Македонската православна црква. Ова нема да биде никаква анти-парада на претходната, туку само начин како мнозинството да ги пројави своите вредности и верувања. Верувам дека нема да има никакви проблеми ниту на едната, ниту на другата парада. А ќе видиме кој каде ќе се појави-секако согласно на своите сексуални определби.
ИЗБОР СЕКОГАШ ИМА!!!

Автор: Перица Спасовски, претседател на ГДУ-Куманово





Претходна статија

ГДУ-ШТИП: ОПШТИНАТА КОНЕЧНО НАЈДЕ ЕВРОПСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

Следна статија

GIF: ДОЈДИ ДОМА НИШТО НЕ ТИ ПРАВАМ

Најново од Истакнато

Кандилце за душата

Пишува: Румен Леонидов В началото не бе Словото. В началото начело беше Светлината, която възсия чрез