ВО ПРИЛЕП РЕГИСТРИРАНИ ПРВИТЕ ДВАЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Во Прилеп се регистрирани првите два случаи инфицирани од коронавирусот, потврдија од Центарот за јавно здравје од Прилеп, јавува Канал 5.

Се проверуваат нивните контакти.

Според директорката на центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст од преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

-Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија и се вратил пред 10 дена. Сѐ уште нема резултати за него. Сега го собираме материјалот и се проверуваат контактите кои досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син, изјави Николоска.