Изборот на алтер-егото на Мицкоски во Агенцијата за европски образовни политики е анти-македонски потег*
Facebook статус на Ивон Величковски
Изборот на алтер-егото на Мицкоски во Агенцијата за европски образовни политики е анти-македонски потег на Владата, а не само кадровска провокација за понижување на Албанците.
Бидејќи:
– Македонците ниту сакаат легитимирање на шовинизмот ниту дозволуваат нормализирање на политичкиот талог.
– Албанофобијата, гркофобијата, бугарофобијата – се само Милошевиќев имплант во југо-македонистичката политичка пракса, но не и во македонското етничко чувство.
– Македонецот не мрази, не навредува и не се плаши од други народи. Мрази, навредува и се однесува понизно кон други народи само “македончето”. Или оној што глуми Македонец.
Кога на чело на Национална агенција за европски образовни политики и мобилност може да дојде човек со кривична пријава за говор на омраза кон еден народ и во нацијата на Северна Македонија и кон еден соседен народ, Владата може:
1. Да го разреши Управниот одбор на Агенцијата што го избрал на јавен повик, сосе директорот.
2. ВМРО-ДПМНЕ може да си го повика коалициониот партнер да си поднесе оставка од должноста.
Иако да не сакале шовинисти во своите редови – не би ни правеле таква коалиција.
3. Доколку и тоа не – ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ можат само да им кажат на ВЛЕН: (и до сега) знаевте на што сте и со кого сте во Влада, сега знаат сите.
За волја на вистината, и Македонците и Албанците и Турците и Ромите и Србите и Власите и Бошњаците… и сите останати – знаат на што се: југо-шовинизмот на ВМРО-ДПМНЕ прикриен со национализам, како и на СДСМ претходно прикриен со европеизам не е одлика на Македонците, туку на “античките југо-македонисти”.
Со таа разлика што сега Немакедонците и Европјаните ќе чекаат да видат како ќе се постават политичарите-Македонци и граѓаните-Македонци.
Во име на обете категории – ВМРО-ДПМНЕ мора да избере меѓу опциите 1 и 2, до следната владина седница.
ЗНАМ и ВЛЕН и онака никој ништо не ги прашува.
Можеби за ова продискутирале Филипче и Мицкоски на “лидерската”?