Информативен портал ќе им помага на Бугарите кои сакаат да се вратат од странство во татковината
Бугарија планира да создаде електронски информативен портал за Бугарите во странство кои сакаат да се вратат во земјата, беше соопштено по средбата на заменик-министерот за надворешни работи Христо Дикански и директорката на Извршната агенција за Бугарите во странство, Рајна Манџукова, јавува Радио Булгарија.
Порталот на едно место ќе нуди практични информации за образованието, здравството, административните услуги и можностите за вработување во Бугарија.
„Ќе понуди практични решенија, важни информации и поддршка за нашите сонародници кои ќе изберат да се вратат во Бугарија“, изјави Манџукова.
На средбата биле разгледани и постапката за потврдување бугарско потекло на странци кои бараат престој, како и предлогот за поправеден пристап до високото образование за деца и млади согласно владината Уредба бр. 103.

