ЗАХАРИЕВА: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА НАШИТЕ ХРВАТСКИ ПРИЈАТЕЛИ
„Во овој тежок момент Бугарија е подготвена да застане до нашите хрватски пријатели. Готови сме да помогнеме. Го искажувам моето најискрено сочувство и пожелувам брзо опоравување на повредените“, изјави бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, по денешниот разговор со нејзиниот хрватски колега, Гордан Грлиќ- Радман, соопштува прес-центарот на бугарското МНР.
