Ардерн: Нашата намера е да и помогнеме на украинската армија да ја одбие бруталната руска инвазија
Министерот за одбрана на Нов Зеланд, изјави дека оваа земја ќе испрати авиони Ц-130 Херкулес и 58 војници во Европа со цел дополнително да ја поддржи Украина по руската инвазија.
Покрај него и премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн најави дека најавила дополнителен пакет поддршка за борбата против руската инвазија од 13 милиони долари за набавка на оружје и муниција.
„Нашата намера е да и помогнеме на украинската армија да ја одбие бруталната руска инвазија бидејќи мирот во Европа е суштински за глобалната стабилност“, рече таа.
NZ Hercules Aircraft with 50 Defence Force personnel to help transport and distribute donated military aid for Ukraine https://t.co/qDshS5msb4— RNZ News (@rnz_news) April 11, 2022
Таа смета дека ваквиот напад на суверенитетот на една земја е закана за сите и затоа Нов Зеланд треба да направи се за да помогне.

