ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ?

За прв пат по влезот на Бугарија во ЕУ, сите важни институции во земјата- Влада, Парламент и Претседател, покажаа единство и не го поддржаа почетокот на преговорите за влез на Р. Македонија во ЕУ. Мотив за тоа е неисполнувањето на Договорот за пријателство меѓу двете земји. Во однос на тоа Бугарија јасно ги посочува совите конкретни побарувања. Овој потег го изненади Скопје и предизвика инфалтивна антибугарска реакција. Иако таа реакција не е толку чудна, со оглед на досегашната наша политика, реакцијата на одредени кругови во Бугарија е повеќе од изненадувачка. Таа малубројна но бучна и традиционално критизерска група е крајно разновидна од речиси неписмени новинарипреку блогери, влогери и крајно леви либерали и интернационалисти. Тие со комунистички пламен не убедуваат дека нацијата и националните интереси се само непотребен товар по патот кон изградбата на идното глобалистичко општество, а што се однесува до нас, ние да се откажеме од своето минато, во името на тоа РС Македонија да стане дел од ЕУ.

loading...

Скопските политичари и бугарските критизери тврдат дека бугарската позиција е ултиматум. Со кој што се негира македонскиот идентитет. Постоењето на посебна македонска нација и јазик. Токму тоа тврдење предизвика антибугарска кампања во Македонија без преседан и активна надворешно политичка пропаганда. Проблемот на Скопје е во тоа што тоа не одговара на вистината и е намерно измислена лага!

Каква во суштина е бугарската позиција?
Првото нешто што треба да се подвлече е дека бугарската позиција е во полна согласност со принципите на меѓународното право и темелните идеи на ЕУ. Во согласност со принципот за признавање на реалноста создаден во Втората светска војна, освен признавањето на државата (нешто што Бугарија прва го направи) во духот на принципите на ЕУ се признаваат и создадените во неа нови политички реалности. Бугарија признава постоење на посебна македонска нација и официјална книжевна норма т.е македонски јазик.

Тогаш каде е проблемот?
Проблемот е во тоа што во Договорот за добрососедство е запишано дека имаме општа историја која што треба заеднички да ја прославуваме. Создадената меѓувладина историска комисија единственото нешто што треба да го направи е да определи до кога продолжува нашата заедничка историја и кои се најважните настани и ликови на кои треба да се оддаде почит. Тоа на практика значи официјалните власти во Скопје да признаат дека македонската нација и јазична норма се изградени на бугарски темели. Тука сакам јасно да го формулирам тоа што политичарите во Скопје не сакаат а политичарите во Софија не го кажуваат јасно а имено дека неспорна од научна гледна точка вистина е фактот дека македонската нација е политичка а не етничка. Таа е плод на поврзувањето на една политички формулирана идеја и специфичната политичка судбина на територија и население разделени од основната маса на бугарската нација. Нервозата на Скопје е предизвикана од тоа што таа теза влегува во остра противречност со официјално наложениот и практикуван македонизам кој се темели врз идејата за етничкиот карактер на македонската нација.

Македонизмот е формулиран како политичка идеја кон крајот на 19-ти век од српскиот научник и политичар Стојан Новаковиќ. Поддржан е од Русија во почетокот на 20-ти век а во јануари 1931 година е наложен од сите комунистички партии макар и со други цели. И покрај различните политички улоги кои му се препишуваат , тој се темели врз априорната теза дека постои македонска нација, различна од бугарската. Токму затоа крадењето на историја станува неизбежно. Но за изведувачите за политички нарачки лажното претставување на историската вистина никогаш не било проблем. Долго време до доаѓањето на власт на комунистичките партии во Бугарија и во Југославија во 1944- 1945 година македонизмот нема многу поддржувачи , дури во Вардарска Македонија која е објект на србизација. После тоа веќе како официјална државна политика македонизмот е наметнат со силата на државната машина со масовни репресии. Процесот се форсира во името на изградбата на бугарско-југословенска федерација, по иницијатива на Москва. Во истата се предвидува СР Македонија заедно со Пиринска Македонија да биде самостојна единица. Така во комунистичка Југославија македонската држава, нација и јазик се претворени во уставна норма. Тоа го објаснува и фактот зошто во Македонија југоносталгијата е толку силна а култот кон Тито продолжува да биде нескршлив.

Поради масовниот отпор и пропаѓањето на идејата за изградба на Федерација во 1948 година, во 1963 година политиката на насилна македонизација спроведувана од бугарската Комунистичка партија е објавена за грешка.
По демократските промени на наслилната македонизација е определена како најголемите престапи на комунистичкиот режим во Бугарија. Тоа веќе се изучува во училиштата а Георги Димитров веќе не е меѓу најпочитуваните ликови во нашата историја.

Создадените Македонци во Бугарија се мала група која се топи.



loading...

Овој краток преглед ја поддржува тезата дека македонизмот е политички концепт, кој што се реализира со политички средства и најмногу преку државата.
Создадената врз основата на македонизмот нација е политичка. И тука е самата суштина на проблемот. Македонизмот се темели на тезата дека македонската нацја е етничка т.е формирана е врз базата на посебно и специфично население.

Крадењето бугарска историја станува основна цел бидејќи Србија преку македонизмот работи за формирање на регионална самосвест и така го блокира стремежот на Бугарија за обединување на бугарската нација. Имено антиревизионизмот на македонизмот ја тераат Русија а потоа и СССР а во одредени периоди и други големи сили да ја поддржуваат таа идеологија. Тоа е причината и денеска македонизмот да ужива поддршка. Токму на тоа сметаат во Скопје. Но нашите партнери и пријатели треба да знаат дека македонизмот што го брани Р. Македонија е изграден врз антибугарска основа.
Со влезот на Македонија во ЕУ тој тип на македонизам ќе биде озаконет а тоа значи дека проблемите не само што нема да се решат туку и ќе се продлабочат. Токму затоа Европа треба да покаже разбирање дека како што Грција успеа да ги запре мераците на Скопје преку антиквизацијата да го украде нејзиното античко наследство така и да го поддржи бугарскиот стремеж да го зачува своето сопствено историско и културно наследство.

Ние сакаме зближување а не поделби, ние не сакаме конфликти сега а и во иднина.

Што е решението?
Решениетое јасно и се наоѓа пред нашите очи. Власта во Скопје треба да се охрабри да раскине со архаичната антибугарска матрица и да признае дека македонската нација е модерна политичка нација.

Што следи од тоа?
Признавањето и од Бугарија на посебна македонска нација која конечно е формирана на територијата на денешна РСМ, фактички е поврзано со отказот на Скопје да бара признавање на македонско малцинство во Бугарија. Кога и како се случило нека одлучат научниците. Многу од соврмените нации се политички, како на пример американската. Но тоа не е пречка за нивниот политички, економски и културен развој. Признавање на модерната македонска нација која се појавува врз основа на бугарската народност. Доказ за тоа се 65 000 државјани на РСМ кои добиле бугарски пасоши докажувајќи ги своите бугарски корени, макар дел од нив да се со македонска самосвест.

Признавање на посебен македонски јазик. Кој, кога и како врз основата на бугарските дијалекти ја кодифицирал оваа книжевна норма останува да кажат научниците.
Таквата одлука ќе донесе со себе и потребата РСМ најпосле да започне тежок процес на преосмислување на своето минато ослободено од политички догми и ограничувања.
Прифаќањето на такво решение ќе донесе решение за најважните проблеми. Прво, во ЕУ ние ќе соработуваме со денешната Р. Македонија заедно со нејзините неспорни политички реалности. Второ, во согласност со критериумите на ЕУ , Македонија нема да има отворени прашања со своите соседи. Трето, ако не запре тоа силно ќе ги ограничи можностите за внатрешно и надворешно мешање во нејзините внатрешни работи. Решавањет на проблемот се враќа кон оние што треба да го решат а имено одговорните политичари во Скопје, Софија и Брисел. Крајно време е политичарите и јавните личности крај Вардарот да сфатат дека мораат да раскинат со својата политика на ној и да покажат храброст во името на нејзината посветла иднина. Прифаќањето на таа вистина ќе стави крај на безперспективното гледање во минатото и јазикот на омразата. Ако добро ја аргументираме оваа наша позиција несомнено е дека ќе ја добиеме поддршката на нашите пријатели во ЕУ и НАТО.

Автор: доц. д-р Лачезар Стојанов, универзитетски професор во Нов Бугарски Универзитет