| |

Перев: Креаторите на македонизмот треба да направат како Тарас Буљба

Идеолозите и спроведувачите на државниот македонизам во РС Македонија се запнаа како магаре на мост и не отстапуваат ни за микрон во спорот со Бугарија. Тоа е така затоа што влогот е превисок и се однесува на луксузното постоење на владејачката македонска каста. Колку е црн скопскиот ѓавол, има ли уште светлина во тунелот? За ова разговараме со познатиот новинар од Скопје Владимир Перев.

Тој е првенствено македонски Бугарин кој не се плаши тоа јавно да го каже, иако државната машина во РСМ е искрено антибугарска. Роден е во 1945 година во семејството на истакнатиот прилепски адвокат Харалампи Перев, кој од властите во кралска и Титова Југославија бил третиран како ВМ/ванчомихаиловист/. Татко му завршил Воено училиште во Софија и учествувал во двете светски војни во редовите на бугарската армија. Владо Перев е исто така правник по образование, но долги години работел во Македонската национална телевизија како новинар; во 2004 година бил отпуштен поради неговите пробугарски активности. Во 2002 година го поврзува бугарскиот филмски режисер Костадин Бонев со неговиот колега од телевизијата – писателот Миле Неделковски. Така се роди можеби првата македонско-бугарска филмска продукција во модерното време – играниот филм „Загревање на вчерашниот ручек“, кој освои бројни награди во Бугарија и во светот. Владо Перев се согласува да го даде ова интервју со шеговитата најава дека толку многу прашања му поставила само македонската полиција.

ГБ: Дали знаете поради која причина, вашиот татко Харалампи Перев на почетокот на 1920-тите ја напушта Софија и заминува за Белград?

ВП: Татко ми, Харалампи Перев Илиев заминува од Софија некаде во почетокот на 1922 година и оди во Белград за да продолжи студиите по право на Белградскиот универзитет. Заминава под необјасниви околности. Ние дома знаевме дека тој заминува две-три години, по 1918 година, во Софија, каде завршава првите две години на Правниот факултет на Софискиот универзитет. Наводно, таму живее од парите които ги добил од бугарската држава како демобилизиран офицер на бугарската армија, со чин поручник. Добивал поручничка плата две години и истата ја употребил за неговото студиране в Софија. Јас денес чисто се сомневам дека тој со тие пари можел да живее во тоа време, имајки ја предвид инфлацијата во Бугарија и другите неблагопријатни околности. Заминува за Белград, поради тоа што Кралството СХС дава амнестија на сите, кои биле надвор од границите на СХС да можат да се вратат назад, без да полагат некому сметка каде биле и што правеле. Тогаш се враќаат и много други млади луѓе, словенци, хрвати, црногорци и унгарци, некои од кои биле дел од армијата на Австро-Унгарија. Веројатно преднамерено, татко ми воопшто не отишол во Прилеп, за да не биде препознаен и обвинет за нешто…во периодот на војната од туберкулоза умира неговата мајка, мојата баба Ангелина, и неговата емотивна врска со родниот крај значително е ослабната. Инаку, негови пријатели во Белград биле главно хрватите од ХСС, членови на југословенскиот парламент и тој на нив ја должи својата кариера на судија. Енигма останува како тој воопште стигнал до тие врски кои продолжиле со преживеаните, дури до неговата смрт во 1960 година.

ГБ: Харалампи Перев е голема фигура, дали се познавал со Тодор Александров или Ванчо Михајлов?

ВП: Го барав неговото име низ списоците на студенстското друштво “Вардар“ во Софија, но не го најдов. Тоа е малку неверојатно, затоа што тој уште од предвоените години се познавал со Јордан Чкатров, двамата се прилепчани и пријатели, така да останува енигма неговото отсуство од списоците. Сигурно е дека се познавал со Тодор Александров уште од предвоените години, бил близок до Ванчо Михајлов, бил близок со генерал Владимир Вазов од времето на фронтот на Беласица и веројатно со многу други. Неговиот контакт со Михајлов остана до неговите последни денови, секогаш конспиративен и преку мал број курири на Организацијата…Нешто што и до денес не ми е јасно!

ГБ: Каква беше конкретната причина за вашето апсење во времето кога сте бил18-годишно момче?

ВП: Бев уапсен на мои 18 години и шест месеци, заради заговор по линијата на некаков бугарски врховизам. Имало некаква организација која ја основале мои многу блиски другари и соученици, ама јас конкретно ништо не знаев, почти до времето на апсењето и испрашувањата во УДБА. За време на испрашувањата сум се однесувал „херојски“, барем така напишал истражителот во моето досие, но вистината е дека не сум знаел ништо за тоа, што тие ме испрашувале. Јас требало да бидам некаков висок функционер во таа организација, но членовете биле уапсени, уште пред да стапам на “високата“ функција… Така и до денешен ден никогаш не станав некаков висок функционер, никаде, во никоја партија или организација. Интересно е дека во досието се споменува и името на татко ми како “голем Бугарин“ а покрај моето име секогаш стои ознаката “ванчомихајловист“ или само ВМ што е исто. Впрочем, дома секогаш сум бил воспитуван дека ние сме михајловисти и дека треба да внимаваме и да се држиме конспиративно т.е. пред другите да не говориме за себе си.

Досието е затворено со напливот на либерализмот во 1968 година, за повторно да биде отворено во 1992 година заради моите врски со ВМРО ДПМНЕ и МПО-вската емиграција.

ГБ: А како се вработивте во македонската телевизија, како син на голем Бугарин?

ВП: Прашањето за “антидржавните елементи“ и телевизиите во Југославија редовно го поставуваат новинарите од земјите на Источниот лагер, окупирани од СССР…најмногу од Бугарија, која доживеа најтешка и најдолготрајна руска/советска окупација. Во Југославија и Македонија ситуацијата беше поинаква. Ние македонците сме малубројни во самата република, намногу 700-800 илјади и сите добро се познаваме, безразлично на каква политичка или национална опција припаѓаме. Кога стапив на работа, таму веќе беше вработен Миле Неделковски, во тоа време активно и на хонорар работеше Богомил Ѓузел, синот на Димитар Ѓузелов, началник на програмскиот оддел беше Зоран Вангелов, син на Кирил Вангелов, еден од судените во Скопскиот студентски процес (случајот со Мара Бунева) и ред други. Јас работев во правната служба, во општиот отсек, а директор ми беше Лазо Димитров, офицер на бугарската (фашистичка?!) армија за време на Втората светска војна. За време на војната, неговиот татко го убиле гевгелиските партизани и им ја запалиле куќата во село Петрово, како одмазда за синот Лазо, кој бил со “фашистите“. Моето присуство таму беше нешто нормално, суптилно признато и познато, а се бараше само да не се пројавуваме. Генерален директор на Македонската радиотелевизија тогаш беше поетот Матеја Матевски, православен албанец роден во Цариград, а директор на Радиото беше Александар Алексиев, претходно суден и испратен на Голи Оток како информбировец. Во Југославија имаше партиски “чистки“ во 1948 година со советската агентура, во 1952 година со демократите на Милован Ѓилас, во 1966 година со Ранковиќ и така натаму. Владееше мислење дека кој “преживеал“ во чистките, заслужува да живее и опстојува. Ограничувањата беа само кон Македонците кои се чувствуваа Бугари, семејно и пројавени лично, но само ако требаше да земаат високи партиски или раководни функции. Југославија беше конгломерат на нации и идеологии, нетрпимоста беше ужасна, но титовото време налагаше колаборација на сите со секого…потоа стана војната која ја видовме.

ГБ: Кој и како може да го пресече денешниот македонски Гордиев јазол?

ВП: Македонскиот гордиев јазол го врзувале многу сили од надвор, но најголемиот грев е на неговите творци, советските и бугарските комунисти, со помош на великосрпската идеологија, која го креира почетокот на проблемот. Тие го креираа проблемот, тие треба да го разрешат…нешто како Тарас Буљба и синот Андреј, “јас те створив, јас ќе те убијам“.

ГБ: Кога човек ќе се навикне на слободата, почнува да не ја цени. Значи ние, кои живееме во слободна Бугарија, не ја цениме оваа голема среќа – да живееме во сопствената држава. Затоа сум убеден дека нашите вистински патриоти се Бугарите од историската дијаспора. Кој е вашиот коментар?

ВП: Немам коментар на ова прашање. Прв пат со бугарскиот начин на мислење се сретнав во 1967 година кога дојдов во Софија. Од тогаш, па се до сега мислам дека Бугарите се космополитски народ, кој повеќе ги сака народите на Уганда и Куба, отколку што се сака самиот себе! Жалко! Инаку, македонобугарската емиграција секога се борела за одржувањето на целовитоста на македонската република, за во последните десетина години посилно наблегне на националната-бугарската компонента на своето делување.

ГБ: Што знаете за случајот „Борис Трајковски“?

ВП: За случајот “Борис Трајковски“ не знам ништо. Тој човек никогаш не бил во опсегот на моите размисли…Просто речено, никогаш не сум му верувал и не сум имал кон него и неговото опкружение никакви позитивни мисли.

ГБ: Кога човек е под притисок, тој се мобилизира. Како државниот „полициски“ третман врз Бугарите во РС Македонија Ви делува вам? Си велите ли наутро кога ќе станете од сон: „Сега ќе ви покажам!“

ВП: Моето време за одмаздата како експресија или само како чувство на некакво самовоздигане помина. Тоа беше кога бев помлад, сега, со годините сум реален и поумен, барем така си мислам. Се радувам што си заминува македонизмот, но победата и задовоството од неа, вистински ќе ја почуствуваат генерациите по мене… Јас сум оптимист!

ГБ: Каков е Вашиот став за Љубчо Георгиевски?

ВП: Љубчо Георгиевски беше откровение на македонската политичка и национална арена. Беше млад, сиромашен, борбен и полн со нови револуционерни идеи. Денес е малку подостарен, богат и мирољубив компромисер, без никакви идеи освен идејата за сопственото опстојување. Тој е неповратно минато време…

ГБ: Која е корисната политика што Софија треба да ја води во однос на Скопје?

ВП: Од 1944 година наваму, Софија води мизерна, предавничка и отстапничка политика кон Македонија, полна со наследени комплекси од “пораженската психологија“, толку длабоко вкоренета во Бугарија. Во последниве десетина години, Бугарија отстојува на своите национални идеали. Заминувањето од власт на групировката околу Прванов и доаѓањето на гарнитурите на Плевнелиев, потоа тандемот Борисов-Захариева, како и периодот на владението на Румен Радев даваат надеж дека бугарската држава ќе опстои на заштитата на својот народ во Македонија. Наложеното вето, патната карта и другите елементи на македонското патување кон ЕУ, се гаранција за заштитата на бугарскиот народ во Македонија. Наложеното вето е единствената позиција за опстојувањето на бугарската кауза во Македонија.

Извор: Гласот на Бугарија



Слични Објави