(Видео)Нешков: Важно е меѓу Софија и Скопје да има нормални односи
„Превирањата во соседна Република Северна Македонија за првпат ја погодуваат и Бугарија“, изјави новинарот Љубчо Нешков и сопственик на информативната агенција БГНЕС во студиото на утринската програма на Нова телевизија „Здраво Бугарија“.
Според него, политичкиот развој во Скопје има и домашна и меѓународна димензија. „Внатрешно – дали земјата ќе може да се реформира и да почне преговори за членство со ЕУ. И на меѓународен план, најпрвин бугарско-македонската димензија – затоа што имаме договор, којшто не се спроведува“, рече тој.
Нешков е дециден дека за Бугарија не е важно кој ќе биде премиер во РС Македонија или кој ќе биде во опозиција.
„Важно е да имаме нормални односи и да престане антибугарската кампања кај нашиот југозападен сосед. Треба да прекинат и лагите дека Бугарите сакаат да им го одземат јазикот и идентитетот на Македонците“, вели Нешков.
Погледнете повеќе во видеото што следи:

