| |

Филипов: РС Македонија ќе го пропушти декември за почеток на преговорите со ЕУ

„Зоран Заев мора прво да ја формализира оставката. Доколку поднесе оставка, претседателот најверојатно ќе го предаде новиот мандат на сегашното владејачко мнозинство, на нов човек кој ќе биде премиер. Најпосакуваниот исход од гледна точка на опозицијата се предвремените избори “, вели за Бугарското национално радио, Костадин Филипов, долгодишен дописник од Скопје за Бугарската национационална телевизија, Бугарското национално радио и Бугарската информативна агенција, пренесува Faktor.bg.

Според Филипов, меѓу двата круга на гласањето на локалните избори Заев „играл незгодно“, што е чудно со оглед на неговото политичко искуство.

„РС Македонија најверојатно ќе го пропушти декемврискиот рок, што сама си го одреди за почеток на преговорите за членство во Европската унија“, додава Костадин Филипов.

Слични Објави