|

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СТРУМИЦА И ПЕТРИЧ

Иницијатива за ново интерконективно гасно поврзување меѓу Македонија и Бугарија со изградба на гасовод од Струмица до Петрич денеска во Скопје пред премиерот Зоран Заев презентираа претставниците на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора. Истата иницијатива му била презентирана и на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Иницијативата предвидува формирање на заедничко претпријтие меѓу двете држави кое ќе го изготви проектот и ќе се обиде да обезбеди средства за негова реализација. Според првичните проценки, гасоводот би чинел од 20 до 25 милиони евра, проектот би се изработил за два до три месеци, а цевките би биле поставени за помалку од три месеци. Презентацијата ја вршеа претставници на „Булгартранс гас” пред институциите од областа на енергетиката во земјава.

Слични Објави