КОЛЕВ ГИ ПРЕДИЗВИКА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ДА КАЖАТ КОЛКУ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ ИМА ВО НИВНИТЕ РЕДОВИ
Лидерот на ГДУ, Петар Колев, во емисијата „168 Анализи и коментари“ на штипската телевизија Стар, ги повика СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ јавно да кажат колку нивни членови поседуваат бугарски државјанства.
Предизвикот на Колев доаѓа откако во последните неколку дена на социјалните мрежи организирано се шират видеа во кои тој е напаѓан заради фактот, што јавно кажал дека поседува бугарски пасош.
Во емисијата Колев додава дека ако не биле бугарските пасоши, луѓето од источниот дел на Македонија ќе гладувале, а за тоа одговорноста оди токму кај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, чии централи во моментот го напаѓаат токму него.