ВО ПОНЕДЕЛНИК ПРВА СРЕДБА НА МЕЃУВЛАДИНАТА КОМИСИЈА НА БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА
На 10 јуни во Софија ќе се одржи првата седница на Заедничката меѓувладина комисија на Бугарија и Македонија. Состанокот се организира од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, која ќе биде и домаќин на настанот.
Седницата ќе биде водена од Захариева и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Главна тема на разговорите ќе биде Договорот за добрососедство и пријателство потпишан на 1 август 2017 г. и неговата примена досега.
Пред да започне суштинската расправа на Комисијата, Захариева ќе се сретне со Димитров на тет-а-тет средба во зградата на МНР на Р. Бугарија.

