,,Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој од неодамна е и новиот генерален секретар на СДСМ, јавува Канал 5 .
Николовски потенцира уште дека од неговата партија се подготвени за отворање на ова прашање, бидејќи отворените листи и едната изборна единица ќе значат поголема демократија. Тој сепак додава дека за да се дојде до таква промена на изборниот модел е потребна согласноста на сите политички партии.