САКАТЕ БЕСПЛАТЕН ОДМОР НА МАЛДИВИТЕ? ЕВЕ КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ ТОА…

Луксузното одморалиште „Coco Palm Dhuni Kolhu“ на Малдивите бара човек кој треба да се грижи за желките во близина на хотелите. Кандидатот нема да добива плата за ангажманот но сите негови трошоци ќе бидат покриени од компанијата што стопанисува со островот.

Ангажманот на одобрениот кандидат ќе трае 2 седмици во август и ќе биде асистирање на еден од водечките британски ветеринарни специјалисти д-р Клер Петрос.

Среќниот помошник ќе треба да ги чисти местата каде што се собираат желките да и помага на докторката кога таа е ангажирана со некој оперативен зафат и да учествува во спасувачки операции на желки во ризични ситуации.

Во моментите кога нема работни обврски, одобрениот кандидат ќе може да ги користи сите авантури што ги нуди ова луксузно одморалиште, како например крстарења околу рајските острови во околината и нуркања до кораловиот гребен Ба.