На момче со церебрална парализа му ја одбиле пензијата од починатиот татко – Европскиот суд досуди оштета за случајот од Хрватска
Момче во Хрватска боледувал од церебрална парализа од четиригодишна возраст, а по смртта на неговиот татко, неговата мајка поднела барање до надлежната служба на Хрватскиот завод за пензиско осигурување (ХЗМО) во Осиек за признавање на правото на семејна пензија.
Според закон, детето има право на семејна пензија по смртта на родителот доколку тој родител го издржувал до неговата смрт и ако детето било целосно неспособно за каква било работа.
Но, барањето било одбиено бидејќи надлежните органи сметале дека тој нема т.н општа неспособност за работа. Уставниот суд на Република Хрватска ја отфрлил неговата уставна жалба.
Отштета од 4.650 евра му досуди Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на хрватскиот апликант чие право на правично судење беше повредено од државата поради процедурални пропусти во постапката за признавање на правото на семејна пензија.

