Бугарскиот научник д-р Марин Буков е добитник на годинешната голема награда „Џон Атанасов“, што ја доделува претседателот на Бугарија
Бугарскиот научник д-р Марин Буков е добитник на големата награда „Џон Атанасов“ во областа науките, што се доделува во Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев по традиција на свеченост во „Дондуков“ 2 им ги врачи наградите на добитниците на претседателската иницијатива „Награда Џон Атанасов“. Денеска се навршуваат 120 години од раѓањето на познатиот пронаоѓач со бугарско потекло и творец на првиот електронски компјутер со регенеративна меморија, Џон Атанасов.
„Оваа награда е големо признание за мене и за моите дела“, изјави добитникот на овогодинешната голема награда „Џон Атанасов“.
Д-р Марин Буков раководи научна група на Институтот за физика на сложени системи во германскиот град Дрезден. Докторските студии ги завршил на Универзитетот во Бостон, а магистрирал на Универзитетот Лудвиг Максимилијан и Техничкиот универзитет во Минхен.
Научните трудови на д-р Марин Буков имаат близу 2.500 цитати, а неговиот главен интерес е развојот и употребата на вештачката интелигенција во квантните технологии.