| |

ЃОРЃИЕВ: СПОРОТ НА МАНУ И БАН ГИ ДОНЕСУВА ВО АПСУРДНА СИТУАЦИЈА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Нова бура беснее на релација Софија-Скопје, откако вчера  Бугарската академија на науките (БАН)  усвои став дека македонскиот јазик не постои и дека тој е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик”. Постапката на БАН е одговор на потегот на Собранието на МАНУ, кое на 3-ти декември усвои Повелба за македонскиот јазик, во која ги изнесе научно признатите факти за македонскиот јазик, пишува DW на Македонски.

Историчарот Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, вели дека не е изненаден од ваквиот став на БАН. 

„Не гледам ништо ново. Тоа е генералниот став на сите лингвисти во Бугарија. Но, ова ги доведува во апсурдна ситуација и односите меѓу двете земји, а секако и работата на заедничката Комисија“, вели Ѓоргиев.



Слични Објави