ПОМОР НА РИБИ ВО ВАРДАР

Утрово помор на риби поради загаденост на водата во реката Вардар е забележан по течението од населбата Аеродром до Трубарево, јавува Сител.

За случајот објави на својот facebook профил и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој ја информира јавноста дека веќе е извршен увид на водата на три локации Ќерамидница, Јурумлери и Дрма, со цел примероците да бидат обработени и да се утвдри точната причина за загадувањето и сторителот.

Инспекторатот на Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ веќе земаа примероци од водата за испитување а анализите треба да покажат со што е загадена водата во која настрадаа рибите.