| |

ОБЈАВЕНА АУДИО-СНИМКА НАВОДНО НАПРАВЕНА ОД ЛИДЕРОТ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

„Исламската држава” објави аудио-снимка со говор, наводно направена од страна на нивниот лидер Абу Бакар ал-Багдади. Ова беше објавено во среда на 22 август, од страна на „Ројтерс“.

Говорот повикува да се продолжи со борбата и покрај сите пречки. Новинската агенција забележува дека нема докази дека гласот навистина му припаѓа на шефот на Исламска Држава.

Мината година дознавме дека водачот на забранетата терористичка група Абу Бакар ал-Багдади беше сериозно повреден како резултат на операциите на ирачките воздухопловни сили во Сирија и „ја загуби способноста за вршење на својата должност”. Ова е негово прво појавување оттогаш.



Слични Објави