|

Непрооден патот преку Галичица

Поради снежен намет, патот преку Галичица е непрооден, информираа попладнево од Националниот парк „Галичица“.

На одлуката за затворање на овој патен правец реагираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен и Охрид, потенцираат од Националниот парк „Галичица“.

Инаку, од утринава вистинска снежна идила се повисоките планински места низ цела Македонија. Снег има и на Маврово, Попова Шапка, Ниже Поле, Пониква, Крушево, а и на планинските превои Стража, Плетвар, Буково.



Слични Објави