Град Скопје ќе додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

/

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за доделување парична помош на семејствата на настраданите.

„Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот за секое загинато лице на семејствата ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ“, се наведува во соопштението на градските власти.

Во пожарот во тетовската модуларна болница кој изби на 8 септември, загинаа 14 лица.



На оваа последна седница на овој состав на Советот на Град Скопје, градоначалникот Шилегов им се заблагодари на сите советници за добрата соработка во изминатите четири години.

Претходна статија

(Видео) Каракачанов бара реакција од Бугарија за уништените гробови на 400 бугарски војници крај Дреново, кавадаречко

Следна статија

МЗ: Во скринингот за коронавирус опфатени се 364 основни и 109 средни училишта

Најново од Вести