(Видео) Каракачанов бара реакција од Бугарија за уништените гробови на 400 бугарски војници крај Дреново, кавадаречко

//

Лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов го повика шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев да побара објаснување од в.д. амбасадорот на РС Македонија во Бугарија, во однос на информацијата дека посмртните останки на речиси 400 бугарски војници, што загинале во Првата светска војна се уништени од две гробишта заради изградбата на автопат кај селото Дреново, во близина на градот Кавадарци.

Во гневната реакција на Каракачанов објавена на неговиот официјален facebook профил се вели дека „Ова злоставување со споменот на бугарските војници од страна на РС Македонија, е најновиот грд, антихуман и антубугарски чин. Овој безобразлук повторно покажува дека РС Македонија нема никаква намера да ги прекине своите активности насочени против Бугарија и се што е бугарско!“

Според Каракачанов со овој чин се потврдила тезата на неговата партија дека со антибугарските активности на Скопје не треба да има компромис.



Лидерот на ВМРО-БНД го повика министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев да испрати ноти до сите амбасадори на земјите од ЕУ во Софија, посебно до оние кои вршат притисок врз Бугарија да ја промени својата позиција во однос на стартот на преговорите на РС Македонија за влез во ЕУ.

Претходна статија

Перев: Нема никаков сомнеж дека бугарската позиција кон РС Македонија е во правилната насока

Следна статија

Град Скопје ќе додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Најново од Вести