| |

Меѓународна конференција во Софија за Крајовскиот договор – дипломатија наместо насилство

Во Софија на 19 и 20 септември ќе се одржи меѓународна научна конференција под наслов „Крајовскиот договор – дипломатија наместо насилство. Испреплетените истории на Балканот и Европа“, јавува БНР. Настанот е посветен на 85-годишнината од потпишувањето на Крајовскиот договор на 7 септември 1940 година и враќањето на Јужна Добруџа во границите на Бугарија.

Конференцијата е организирана од Институтот за историски истражувања при БАН, Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, Регионалниот историски музеј – Силистра и Регионалниот историски музеј – Добрич.

Според организаторите, целта на форумот е да се понуди современ научен поглед врз клучните настани од есента 1940 година, кои често остануваат на маргините на националниот историски наратив и се чуваат главно во сеќавањето на локалните заедници директно погодени од договорот. Ова е првпат Крајовскиот договор да биде тема на меѓународна конференција во Софија, а уште поважно – првпат бугарски и романски научници заедно да дискутираат за настаните што ја промениле историјата на двете држави.

Историчарот Петар Добрев од Институтот за историски истражувања на БАН и член на организацискиот комитет, за Бугарското национално радио изјави:
„Крајовскиот договор враќа една не мала територија – Јужна Добруџа – во бугарските граници, по 27 години ромзнска управа. Таа беше наметната поради фактот што Бугарија ја загуби т.н. Меѓусојузничка војна во 1913 година. Ова ѝ даде можност на Романија да присвои бугарски територии, без сериозни етнички аргументи, туку од геополитички причини“.

Официјалното отворање на конференцијата е закажано за 11:00 часот на 19 септември во салата „Проф. Марин Дринов“ на Бугарската академија на науките.



Слични Објави