(Видео) Нешков: Македонските „патриоти“ ја уништуваат иднината на сопствениот народ

//

“Не постои земја во целата ЕУ што сака повеќе од Бугарија РС Македонија да стане дел од ЕУ. Ние го докажавме и демонстриравме ова стотици пати во последните 30 години“, вели новинарот и сопственик на бугарската информативна агенција БГНЕС Љубчо Нешков во емисијата „Бугарија наутро“ на телевизијата Бугарија Он Ер.

Нешков обелодени малку познат факт, а имено дека откако Бугарија го завршила преговарачкиот процес за нејзиното пристапување во ЕУ, бугарскиот тим ја доставил целата документација до македонските власти со цел да се забрза процесот за членство во ЕУ на РС Македонија.

“Ова е државна позиција, никој не ја довел во прашање оваа позиција. Не верувам дека ќе има промена до крајот на словенечкото претседателство”, рече Нешков.
Според него, притисокот е нешто нормално во политиката, но не е главниот елемент во решавањето на овој спор.

“Најважно е да им се објасни на оние кои мислат дека се е во ред, во што е проблемот. Ние не сме сами во овој спор. Проблемот е што во Скопје не ги читаат целосните изјави на европските политичари”, објаснува новинарот.

Според Нешков, бугарскиот претседател Румен Радев успеал да ги посочи главните компоненти на македонизмот, и ова било поважно бидејќи мора да гледаме кон иднината.

“Компонентите се насочени кон денационализација, асимилација, говор на омраза кон една земја – Бугарија. Единственото нешто што Бугарија може го да направи е да помогне да се открие вистината за минатото на РС Македонија. Она што е направено по 1945 година е кланица против Бугарија – ова е буквално геноцид “, инсистира Нешков.

„Власта и опозицијата во Скопје треба да ја видат реалноста и наместо конфронтација, да бараат согласност и поддршка од Бугарија“, вели Нешков.

Нешков додава дека македонските патриоти ја уништуваат иднината на својот народ. Според него, нема подготвеност да се најде излез од ситуацијата во РС Македонија.



Претходна статија

Шилегов: Скопје до 2024 без метеж во сообраќајот

Следна статија

Нема чекање по шалтери, за документ од судовите за неколку минути по електронски пат

Најново од Вести