Со љубов од Брдо, до Овче Поле!

//

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов

-Преку декларација тие испратија позитивни пораки за целиот наш народ и го вратија зборот „проширување“ во сите области и фокусот на Европската унија останува на Северна Македонија и останатите земји од регионот. Поздрави имате и од Фон дер Лејен, Шарл Мишел, Радев и многумина претседатели и премиери, рече Заев во Свети Николе

Декларација од Брдо, 6 октомври 2021 година

Ми се допадна шегата на претседателот на Република Северна Македонија при неговата посета на Хеленската Република – Мицотакис е другар со Макрон,фаќав врски да ни помогне за ЕУ, рече Пендаровски – штета што Мицотакис нема другари меѓу кметовите по Грција, па да фатевте врски да ги променат патоказите со Скопиа, г-не Претседател.

Впрочем, хуморот неретко е единствена форма на изразување во времето во кое живееме. Барем додека некаков кандидат за градоначалник не крикне –Бесплатен еко автобус за секој наш жител, велодром во секој сокак и голф терен на секоја ливада! Тоа е сепак друго ниво,а мислам дека, кај и да е ќе го достигнеме.

Уште малку за самитот на ЕУ. Впечаток е дека ЕУ т.н. Западен Балкан го третира како „ несакан роднина на семејна прослава„ како незаобиколен и напати непријатен товар што мора да се поднесе, барем во моментот. Затоа, понудија пристоен финансиски пакет за политичките врхушки, моја грешка,за земјите од Западен Балкан. Да продолжат да ја развиваат локалната варијанта на хумор, се извинувам, реформи, економски развој,дигитализација + корупција + Мал Шенген, во интерес на слободата на движење на стоката, демек луѓето,што би се рекло!



Револуционерната организација пак, во меѓувреме продолжи да копа ровови околу себе, овојпат како членка на Европските Народни Партии. Чудно. И тие некако премолчеја – Меркел не верува дека библиската Република Северна Македонија има капацитет да стори нешто до 2030 година? Или за она другоно – за бесплатно здравство во ЕУ, а потоа кај да е и по дома(шо би рекле прилепчани), според владиниот проект за европеизација на опшесвото за сите (добро,не баш сите)

Останатите ќе продолжиме да се забавуваме со владините соопштенија за протоколарни средби, за охрабрување и честитки. Поретко ќе се трудиме да ги побараме соговорниците и изворно да ги слушнеме впечатоците, сепак,тоа не толку забавно и смешно – во споредба со она што се нуди на медиумскиот пазар.

Политички, Владата во Скопје е одамна „издишана„ – натпреварот меѓу конкурентите е сведен на нереална лицитација од желби и научна фантастика.

Се надевам дека кај „ ние другите„ нема расположение за „издишување„ со нив. И онака не нема во ниедна статистика во блескавата и библиска Република Северна Македонија.

И бидете подготвени. Утре ќе пука првата пушка. Пак. И во Прилеп и во Куманово!?

Претходна статија

(Видео) Нешков: Македонските „патриоти“ ја уништуваат иднината на сопствениот народ

Следна статија

Фаталното пријателство на политиката и историјата во Македонија

Најново од Истакнато