(Видео) Ковачев: РС Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, откако ќе ги вклучи Бугарите во својот Устав како државотворен народ
РСМ ќе ги започне преговорите со Европската унија тогаш кога ќе ги вклучи Бугарите во Уставот“, изјави европратеникот Андреј Ковачев во програмата „Брисел 1“ на бугарската телевизија BgONair.
„Втората меѓувладина конференција, која ќе значи и отворање на преговарачките поглавја, ќе се одржи откако парламентот на РСМ ќе изгласа и ќе ги вклучи Бугарите како државотворен народ во Уставот на земјата. Колку долго ќе трае овој процес зависи од земјата кандидат. Ние видовме дека во Софија францускиот предлог беше изгласан со повеќе од 170 гласа, а во Скопје само владејачката партија гласаше за предлогот на Франција, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги натера пратениците на оваа партија да потпишат заверени изјави дека нема да го поддржат вклучување на Бугарите во Уставот. Сепак, се надевам дека тие ќе покажат разум“, додаде европратеникот, нагласувајќи дека од признавањето до сега во последните 30 години, Бугарија најмногу посакувала РСМ да стане дел од ЕУ, но реформирана и демократска.
Според Андреј Ковачев, кај нас треба да има јавен регистар на лица кои добиле бугарско државјанство, бидејќи тајноста ја зголемува стигмата.
„Овие луѓе доброволно дошле со документи на нивните предци за да докажат дека се Бугари и да добијат бугарско државјанство“, вели тој.
Според европратеникот, треба да има доволно средства и за бугарските заедници во странство – нешто што е долг на Бугарија.
„И не само на РСМ, туку и на нашите заедници во другите земји. Таа мора да ги поддржува бугарските студии на универзитетите во странство. Софија, исто така, мора да одвои финансиски средства за промоцијата на бугарските позиции надвор од земјата, за да не испадне во позиција на оправдување велејќи: „Не не’ разбираат“, коментира Ковачев.

