| |

Бугарската национална гарда одбележува 147 години од формирањето

Националната гардиска единица на Бугарија на 12 јули одбележува 147 години од формирањето. Датумот е избран во спомен на свечениот пречек на бугарскиот кнез Александар I Батенберг во 1879 година, кога бил придружуван од првите бугарски гардисти, јавува Armymedia.

Командантот на единицата, полковник Петар Киндалов, изјави дека гардистите и денес со гордост ги чуваат државните традиции и националниот идентитет.

„Она што луѓето го гледаат на церемониите е резултат на многу труд, дисциплина и истрајност“, рече Киндалов, нагласувајќи дека во обуката посебно внимание се посветува на физичката и строевата подготовка.

И покрај интересот за гардиската служба, единицата и натаму има недостиг од кадар. Во септември се очекува нов конкурс за прием на гардисти.

Само два дена по празникот, гардистите повторно ќе ја претставуваат Бугарија на воената парада во Франција по повод националниот празник на земјата на 14 јули.

Слични Објави