МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ИТАЛИЈА

//

Македонски државјанин на возраст од 48 години загинал утрово во сообраќајна несреќа во Костиљоле во провинцијата Асти, јавува Сител.

Нашинецот, кој живеел во Санто Стефано Белбо, со својот автомобил „фиат стило“ утрото одел на работа во Канале. Во еден момент излетал од патот и удрил во ѕидот од дворот на куќа покрај патот.

Според првичните информации, на местото немало траги од сопирање, па „фиатот“ најверојатно не се движел со голема брзина, односно на возачот му се слошило поради што изгубил контрола врз возилото.



Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата и причинта за смртта.



Претходна статија

БОРИСОВ И’ ПОДАРИЛ НА МЕЛАНИЈА ШАЛ И МАСЛО ОД РОЗА- ТАА ОФИЦИЈАЛНО МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИЛА

Следна статија

ФЕДЕРЕР И НАДАЛ СРУШИЈА СВЕТСКИ РЕКОРД ЗА НАЈБРОЈНА ПУБЛИКА

Најново од Вести