БОРИСОВ И’ ПОДАРИЛ НА МЕЛАНИЈА ШАЛ И МАСЛО ОД РОЗА- ТАА ОФИЦИЈАЛНО МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИЛА

//

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов преку својот facebook профил им се заблагодари на Меланија и Доналд Трамп за нивното гостопримство и им порача дека секогаш се добродојдени во Бугарија.

Борисов изрази задоволство од фактот дека на Првата дама на САД, и’ се допаднале неговите подароци, а имено, шал со традиционални бугарски мотиви и шишенце со масло од рози произведено во Бугарија.

Маслото од рози е состојка за производство на парфеми, a Бугарија произведува едно од најквалитетните масла во светски рамки.





Претходна статија

ШТО ДА ЈАДАТ СТУДЕНТИТЕ ЗА 120 ДЕНАРИ?!

Следна статија

МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ИТАЛИЈА

Најново од Вести