РУСКОВСКА: ДЕЗИНФОРМАЦИЈА СЕ НАВОДИТЕ ДЕКА ЗАЕВ Е ЗАМЕШАН ВО СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“
Обвинителката Вилма Русковска денеска по состанокот на Судскиот совет изјави дека премиерот Заев е спомнат од Камчев само во делот кај што бизнисменот пријавил кај него.Русковска беше децидна дека информациите дека Заев е замешан во случајот се дезинформација од одредени медиуми. Таа додаде дека ниту еден друг политичар не е спомнат.
Русковска изјави дека не знае за наводното барање на Катица Јанева да го напушти притворот заради влошена здравствена состојба и додаде дека во моментот се уште нема потреба од сведочење на првоосомничениот во предметот „Рекет“ Бојан Јовановски.

