ФЕДЕРЕР И НАДАЛ СРУШИЈА СВЕТСКИ РЕКОРД ЗА НАЈБРОЈНА ПУБЛИКА

Роџер Федерер го победи својот стар ривал Рафаел Надал со 6:4/3:6/6:3 во таканаречениот „Меч во Африка“ во Кејптаун, дуел во кој резултатот не беше најважен бидејќи се играше за добротворната фондација на Федерер во татковината на неговата мајка.

Мечот исто така постави нов светски рекорд по бројот на гледачите, бидејќи на стадионот во јужноафриканската метропола имаше 51.954 гледачи, а се собраа и над 3.5 милиони долари за фондацијата на Федерер, која обично пружа помош за образование во Африка.

Дуелот започна пред гласна публика, бидејќи изненадувачки на теренот се појави капитенот на јужноафриканскиот рагби тим кој го освои Светскиот куп, Сија Колиси, кој ја фрлаше паричката на стартот на мечот. Колиси му додели на Федерер дрес од Спрингбокси со име на Швајцарецот и тој го облече при загревањето.

Во првиот меч на вечерта, Федерер играше со основачот на „Мајкрософт“, филантропистот и милијардерот Бил Гејтс, за да стигне до 6:3 победа над Надал и јужнафриканскиот комичар и водител на „Дејли шоу“, Тревор Ноа.

Извор: Макфакс



Слични Објави