|

Мицкоски: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене одговорност за сите измамници и криминалци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг пред граѓаните во Гевгелија ги повика на 17-ти октомври да излезат масовно и да заокружат број 7.

– Излезете на овие локални избори и гласајте, затоа што ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат да ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете во домовите, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти за да се биде гласен, рече Мицкоски.

Порача дека Заев колку и да го носи Венко Филипче по митинзи насмеан, ќе дојде ден кога ќе одговара за 14-те луѓе кои живи изгореа во тетовската модуларна болница, а за кои власта рече дека извештајот покажал дека виновен е кабелот и струјата.

– Сакам да посветам внимание на две важни работи. Првата е згрозувањето од тоа што сакаат да одбегнат одговорност за 14 изгорени луѓе убедувајќи не дека кабелот бил крив. Па така ќе го видите како го носат Филипче окезен, насмеан од митинг на митинг заедно со Заев. Но нека уште кратко ќе трае. После поразот на 17-ти октомври новата влада на ВМРО-ДПМНЕ јас ви ветувам дека уште во првите 100 дена ќе покрене одговорност за сите овие политички измамници и криминалци, рече Мицкоски.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави