УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ДЕНЕСКА ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ

Угостителските објекти од денеска ќе можат да работат до 21 часот.

loading...

Ваква одлука донесе Владата на Република Северна Македонија на својата 40-та седница по препорака на Комисијата за заразни болести.

Имено, со оваа одлука се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од денеска ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот.

loading...