УНГАРИЈА ПРЕЛИМИНАРНО ГИ ОДОБРИ ВАКЦИНИТЕ НА „АСТРА ЗЕНЕКА“ И РУСКАТА „СПУТНИК В“

Унгарската агенција за лекови даде прелиминарно одобрување за употреба на вакцините против коронавирус на „Астра Зенека“ и руската „спутник В“, изјави денеска Ѓерѓ Гулијаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, потврдувајќи ги извештаите во медиумите.

loading...

Според него, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, подоцна денес ќе отпатува за Москва да разговара за вакцината против коронавирусот.

Доколку обезбеди договор за пратка со Русија, Унгарија ќе биде првата земја членка на ЕУ што ќе ја добие вакцината „спутник В“, иако Европската агенција за лекови сè уште не ја одобрила руската вакцина.



loading...