| |

(Видео) Каракачанов: ЕУ нема да има никаква корист од проширувањето со РС Македонија

Лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов изјави дека во РС Македонија се води агресивна антибугарска политика во последните неколку години и додаде дека во омразата кон Бугарија се воспитува преку филмовите, медиумите и учебниците.

Според Каракачанов Брисел и некои американски чиновници воопшто не се интересираат од аргументи. Тие според него се фиксирале врз една идеја и сакаат да ја спроведат под било каква форма.

Каракачанов подвлече дека не може РС Македонија да биде протежирана и покрај фактот што не го спроведува Договорот за добрососедство потпишан со Бугарија.

„ЕУ нема да има никаква корист, ако се прошири со една земја која внатре во самата Унија ќе создава проблеми против друга земја каква што е Бугарија“, вели Каракачанов.



Слични Објави