За 10 минути три лица се удавија во Албанија, две од нив биле туристи од Северна Македонија

/

Утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море. Станува збор за 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11:15 часот денеска на плажата во Велипоја, објави албанската телевизија А2Си-Ен-Ен.

Десет минути подоцна уште две лица се удавија на плажата во Спиле. Полицијата информираше дека станува збор за две повозрасни лица: М. М. (79г.) и Ц. М. (78г.) кои дошле на одмор од Северна Македонија. Се смета дека причина за давењето се високите бранови.
Инцидентот се случил околу 11:25 часот, додека истражниот тим работел на расветлување на околностите за настанот.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Четворица повредени во сообраќајка на патот Струга-Охрид

Следна статија

Шилегов ги паркираше сите возила на едно место: За еден мандат, без донации, купивме над 150

Најново од Вести