|

Несреќа во Куманово – деца се качувале на паркирани вагони, едно е повредено од струен удар

Центарот за управување со кризи информира дека добиено е известување од страна на Македонски Железници за несреќа во Куманово.

Имено, околу 17:00 часот на Железничката станица Куманово дошло до несреќа, каде деца се качувале на вагоните од паркиран воз на спореден колосек и при тоа најмалку едно дете било повредено од струен удар и е однесено во болница.

Од Македонски железници е повикана Полиција да направи увид.

Слични Објави