|

СЕ БАРА ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ ЗА ГРАД СО 15 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ

Се бара целосно затворање за град со 15 милиони жители, поради коронавирусот.

Станува збор за Истанбул. Градоначалникот Екрем Имамоглу, кој и самиот беше заразен со коронавирусот, изјави дека градот треба целосно да се затвори на две до три недели за да се запре ширењето на заразата.

Повеќе од половина од случаите на зараза во Турција се во Истанбул.

Имамоглу додаде дека епидемијата во моментов е надвор од контрола и дека целосното затворање го советува Научниот совет на градот.

Турција од почетокот на епдемијата воведуваше и полициски час.

Последно е дека забранија да се пушти на јавен простор, за да луѓето не ги вадат заштитните маски.

Досега од вирусот починаа над 11.000 луѓе во земјата.



Слични Објави