КОН: ВАКЦИНАТА ВО СРБИЈА ПРИСТИГНУВА КОН КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, МНОГУ БЛИСКУ СМЕ ДО РАЗРЕШНИЦА

Српскиот епидемиолог, Предраг Кон објасни кога и кој ќе биде првиот што ќе ја прими вакцината против коронавирусот во Србија.
„Националниот институт за имунизација е ново тело кое ќе биде задолжено и кое ќе распише итна вакцинација. И тоа ќе се случи многу брзо“, рече Кон, јавува А1 Он.

loading...

Тој додаде дека не ги знае деталите околу вакцината, но дека во земјата ќе пристигне кон крајот на годината, што е многу охрабрувачки податок.


„Потоа ќе пристигнува во етапи. Ние имаме најголем степен на безбедност кога станува збор за новиот лек или вакцина и тоа мора да се испочитува. Најпрво ќе се почне со имунизација на докторите, што е и најлогично. По здравството следува војската и полицијата и тоа е единствено што знам, што е логично и приоритет. Но тоа е само план, а Министерството за здравство треба да распише имунизација“, објасни српскиот епидемиолог.


loading...

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: А1Он