| |

Бугарскиот возач Никола Цолов седми на Монца, останува лидер во Формула 2

Бугарскиот возач на „Campos Racing“, Никола Цолов, го освои седмото место на главната трка за Големата награда на Италија во Формула 2 и ја задржа лидерската позиција во генералниот пласман, јавува БНР.

На трката на патеката „Монца“ победи Џошуа Дирксен од „Invicta Racing“, кој триумфираше и на саботната спринт-трка. Неговиот тимски колега Рафаел Камара заврши втор со заостанување од 0,4 секунди, додека трет беше тимскиот колега на Цолов, Ноел Леон.

Цолов има 177 бодови на врвот во генералниот пласман, додека Камара се искачи на второто место со 166 бодови, односно 11 помалку од бугарскиот возач.

Цолов беше шести во квалификациите во Италија, но доби казна од по три позиции и за спринтот и за главната трка.

Бугаринот добро стартуваше на денешната трка и во најголемиот дел од неа возеше внимателно, задржувајќи се главно на осмата позиција.

Во завршните кругови Цолов го престигна Тасанапол Интрапувасак од „ART Grand Prix“ и се искачи на седмото место. До самиот крај водеше борба со Алекс Дан од „Rodin Motorsport“ за шестата позиција.

Во саботната спринт-трка во Италија Цолов го освои петтото место.

Пред една година тој заврши втор на главната трка во Италија, во последниот круг од сезоната во Формула 3, и стана вицешампион.

Следните трки од Формула 2 ќе се одржат следниот викенд во Мадрид, Шпанија.



Слични Објави