НЕМА НАПРЕДОК ВО РАБОТАТА НА МЕШОВИТАТА ИСТОРИСКА КОМИСИЈА

Нема напредок во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања,

loading...

Според неименуван извор на весникот Труд од Комисијата, македонските историчари не се оддалечиле ниту еден сантиметар од своите позиции.

„Нема ништо заедничко меѓу зборовите на премиерот Зоран Заев во четвртокот и однесувањето на комисијата. Или комисијата го лаже Зоран Заев, или тој ги лаже сите“, објаснува изворот.

Досега нема резултат, не се постигнати конкретни договори, потврдува втор извор.



loading...

Продолжува спорот во комисијата околу цар Самоил. Македонските историчари одбиваат да ги прифатат аргументите на бугарските историчари за средниот век, кој учениците во Македонија го изучуваат во седмо одделение. Главната дискусија била за периодот на Самоил. Македонските историчари опстојуваат и не сакаат да прифатат дека царот Самоил бил дел од историјата на Првото бугарско царство, обидувајќи се да го негираат бугарскиот карактер на државата предводена од Самуил, стои во материјалот на Труд.

Двајцата копретседатели на комисијата проф. Ангел Димитров и проф. Драги Георгиев се очекува да одржат прес-конференција во онлајн формат на платформата „Вебекс“ во 17:00 часот.