| |

Вархеји на Твитер: ЕУ многу сериозно ги сфаќа бугарските грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес

Го повикуваме бугарскиот парламент и сите партии да ја исполнат својата обврска и да го вклучат предлогот за РС Македонија и Албанија на дневниот ред за одобрување денеска, како што е предложено. Ова на својот Твитер профил го објави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Според него, претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов „веќе покажал лидерство со поднесувањето на предлогот на маса“.

ЕУ ги прифаќа многу сериозно бугарските грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Моментот за одговорни одлуки е сега. Западниот Балкан треба да е дел од нашата Европска Унија. Ние ќе бидеме посилни заедно, пишува Вархеји.



Слични Објави