| |

Љ. МИХАЈЛОВСКИ-ЏАНГО: ЉУБЕ МИ СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА ГО ЛЕГНАЛЕ НА ЗЕМЈА И МУ СТАВИЛЕ ЛИСИЦИ

Адвокатот Љубомир Михајловски Џанго за време на своето сведочење за случајот „Тортура“, односно за бруталното апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година рече дека на 6 јуни 2011 година, околу 16 часот добил повик од Бошкоски кој му кажал дека е уапсен и однесен во полициска станица Гази Баба.

Михајловски додава дека Бошкоски му се жалел за начинот на кој го апселе, односно поради тоа што го легнале на земја, го врзале со лисици, а немало причина бидејќи не давал отпор. Михајловски си спомнува уште дека му рекол на Бошкоски да не потпишува ништо, бидејќи поминале неколку часа, па можело нешто да се подметне.

Слични Објави