СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА НИКОЛА САЗДОВСКИ-САЗДО Е ОДЛОЖЕНО ЗА 5 МАРТ
Денешното судско рочиште за убиството на 20-годишниот навивач од групата „Комити“, Никола Саздовски не се одржа од причина што не биле доставени списите од дополнителното вештачење кое се прави по завршената реконструкција на случајот. Наредното рочиште е закажано за 5-ти март.
Според обвинителниот акт, обвинетите Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.
Саздовски почина десетина дена подоцна од здобиените повреди на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

