| |

Ковачев: Нема нови услови – македонските Бугари мора да бидат внесени во сите делови од Уставот, треба да се исполни Договорот со Бугарија со протоколите кон него

„Се придржуваме до консензусот од 2022 година и до преговарачката рамка, која е основата врз која се води целиот преговарачки процес. Тоа е јасно утврдено во неколку одлуки на бугарското Народно собрание, вклучувајќи ја и последната од пред неколку недели, каде што е наведено дека нема нови услови. Овие услови не се наши, туку на Европската Унија – внесување на Бугарите во сите делови од Уставот и исполнување на Договорот за пријателство со Бугарија заедно со протоколите“, изјави бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев, во интервју за БНТ, пренесува 24 часа.

Тој нагласи дека се работи за основни човекови права што се прекршуваат и дека македонски Бугари, како Љупчо Георгиевски, се изложени на судска репресија.

На прашањето дали му било ветено на Христијан Мицкоски дека ќе добие зелено светло ако Бугарите се внесат само во Преамбулата на Уставот, Ковачев одговори:
„Не, секако дека не е ветено. Во заклучоците на Советот пишува ‘промени во уставот’ во множина.“

„Сите известувачи се исклучително лути на Мицкоски затоа што фактички ги дискредитираше тврдејќи дека работел со нив и постигнал некаков триумф за македонската култура и јазик“, додаде Ковачев.



Слични Објави