| |

Во Бугарија по 78-ми пат туристи тргнуваат по патот на Ботевата чета „Козлодуј – Околчица“

Денес на пат тргнуваат учесниците на 78-от Национален туристички поход „По патот на Ботевата чета Козлодуј – Околчица“, кој ќе трае до 2 јуни, јавува БНР.

Во една походна колона тие ќе го изодат 120-километарскиот „Ботев пат“ од брегот на Козлодуј до врвот Околчица во Врачанскиот Балкан, според однапред подготвена програма, соопшти Општина Козлодуј.

Походот е една од најмасовните туристички иницијативи, организирани од Обласната администрација – Враца.

Повеќе од 1.800 пријавени учесници ќе се поклонат пред херојската саможртва на Ботевите четници и на револуционерот, генијалниот поет и национален херој на Бугарија, Христо Ботев.

Походот оваа година се одржува и во контекст на 150-годишнината од подвигот на Христо Ботев и неговата чета.



Слични Објави